Безос продава акции на Амазон за околу 2 милијарди долари

/ 11.02.2024

Основачот на Амазон и моментално втор најбогат човек во светот, Џеф Безос, продаде околу 12 милиони акции од компанијата „во облакот“ за околу две милијарди долари, се наведува во петокот.

Ова се случило набргу откако Безос го претставил планот за продажба на своите акции во текот на следната година.

Продажбата била извршена во среда и четврток, според најновиот годишен извештај на компанијата, пренесува Ројтерс. Минатата недела Амазон објавил дека Безос ќе продаде до 50 милиони акции во компанијата.

Планот за продажба, кој подлежи на одредени услови, е усвоен на 8 ноември 2023 година и ќе биде завршен до 31 јануари 2025 година, се додава во документите на компанијата.

За потсетување, Безос, кој се повлече од функцијата извршен директор на компанијата и ја презеде функцијата извршен претседател во 2021 година, го основа Амазон како онлајн продавач на книги во 1994 година.

Безос моментално има нето богатство од 200 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.


Од истата категорија