Репрезентацијата на БиХ ја „прегази“ Финска во Зеница со 4:1 и така тргна во обид да го постигне енвозможното: по слабиот старт, да успее да се пласира на ЕУ.  По седум одиграни кола, од десет, Финакс асега е на втората позиција на табелата со 12 бодови, а БиХ е трета со 10 бодови.

Во последните три натпревари, БиХ им гостува на Грција и Лихтенштајн (досега, на три гостувања, БиХ има три порази), а дома ја пречкува супериорната Италија која веќе го обезеди првото место и пласманот на ЕУРО 2020.

Второпласираната Финска, дома ги очекува Лихтенштајн и Ерменија, а и гостува на Грција.

За чудото кое го очекува БиХ, Финска не смее да освои повеќе од четири бодови на трите натпревари, што знаи судбината на тимот на Роберт Просенички е во рацете на Ерменија и Грција кои не треба да и дозволат победа на Финска.

Во другите групи, Данска ја победи Швајцарија со 1:0 и со тоа веројатно ја елиминира од ЕУРО 2020, а Романија победи на гостувањето кај Фарски Острови со 3:0.