Босанските власти на преминот Градишка на границата со Хрватска, запленија 400 килограми сканк, сокриени во камион што превезувал обувки за Германија.

Како што соопшти Управата за индиректно оданочување (УИО) на Босна и Херцеговина, дрогата била откриена при рутинска проверка на камионот.

Во соопштението се посочува дека во врска со овој случај, полицијата ги привела возачот на камионот и неговиот совозач, под сомнеж за обид за шверц на наркотици.