Бил Гејтс зборуваше за подготвеноста на светот на идни пандемии и со кои предизвици ќе се соочи човештвото тогаш.

Основачот на Мајкрософт и претходно предупредуваше дека пандемијата како таа на коронавирусот би можела да се случи, а сега ја изнесе својата визија за светот по ковид-19.

Гејтс смета дека би можеле повторно да имаме глобална пандемија.

– Да, но се надевам за 20 години. Но мораме да бидеме подготвени и на нова пандемија за три години, рече Гејтс.

– Постои разумна веројатност дека светот ќе се соочи со нешто слично во следните 10 или 15 години, додаде тој.

Гејтс за светот после ковид-19

Иако последните недели сведочиме на вести за изнаоѓање на неколку кандидати за вакцина против коронавирусот, Гејтс смета дека елиминацијата на вирусот нема да го врати животот како што беше пред пандемијата.

Гејтс смета дека работните навики се засекогаш променети откако многу луѓе во оваа пандемија почнаа да работат од дома.

– Мислам дека ќе исчезнат повеќе од 50 отсто од службените патувања и преку 30 отсто од деновите поминати во канцеларија. Ние ќе продолжиме да одиме во канцелариите и на службени патувања, но во многу помала мера, смета Гејтс.