БИСЛИМОВСКИ: Многу се плашам во јануари или во февруари в година да не велиме дека цената на горивата што беше во мај и јуни беше супер

/ 13.06.2022

Ситуацијата на светските берзи ќе станува уште полоша, изјави вечерва претседателот на Регулаторната комисија за Енергетика, Марко Бислимоски.

Тој беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител и даде песимистичка изјава дека смета оти ситуацијата со горивата ќе станува се полоша.

– Јас тоа што го гледам на светските берзи, ситуацијата со цената на нафтата ќе станува полоша и полоша. Многу се плашам, да не се доведеме во ситуација, во јануари или во февруари да кажуваме дека оваа цена што беше во мај и јуни беше супер, изјави Бислимовски.

Опширно разговорот може да го проследите ТУКА.


Од истата категорија