Екипа на српскиот портал Еспресо посетила маркет во Унгарија и ги забележала тамошните цени под наслов „Цените во Унгарија никогаш не биле вакви“, оставјќи им можност на читателите да ги споредат со цените во Србија. Не знаеме како биле претхдно цените во Унгарија, но кога ќе ги споредите со нашите, впечатокот од насловот сосема се менува. Еве ја споредбата и со нашите цени, па оценете каде владее криза. Просечната бруто плата во Угарија е околу 1 500 долари.

-брашно – цена од 299 форинти (0,75 евра) до 439 форинти (1,11 евра). Кај нас цената е околу 50 денари за кг.

-што се однесува до шеќерот, чиј недостиг моментално преовладува во Србија, го најдовме само во форма на коцки шеќер, кои чинат 269 форинти (0,68е), пишува Еспресо. Кг шеќе кај нас исто такак е околу 50 денари. 

-акциската цена на солта е 229 форинти (0,58е). Отприлика колку и кај нас.

-млекото се движи од 299 форинти (0,75е) ако е на акција, до 459 форинти (1,16е). Еспресе не наведува за какво млеко станува збор, дали е за варење кое е поефтино или тертапак-пастеризирано кое кај нас чини и до 68 денари за литар.

Вода во пластично шише чини од 149 форинти (0,37e) до 419 форинти (1,06e).

Тоалетната хартија, вели Еспресо главно имаше промотивна цена која се движи од 399 форинти (1,01 евро) до 1529 форинти (3,87 e). Еспресо не дава податоци за каков вид тоалетна хартија станува збор и за колкави пакувања.

Не најдовме снегулки, како и мусли, на продажба, а цената е од 209 форинти (0,52е) до 650 форинти (1,64).

Лебот чини од 179 форинти (0,45е) до 799 форинти (2,02е).

Зеленчук во зависност од тоа што барате и цената варира, вели Еспресо. Најевтината што ја најдовме беше цената од 159ft (0,4e) до 1299ft (3,29e).

Тестенините се од 339ft (0,85e) до 1099ft (2,78e).

Јајцата чинат помеѓу 599 форинти (1,51е) и 699 форинти (1,77е), но Еспресо не наведува за тоа колку јајца се во пакувањето.

 Конечно, што се однесува до цената на месото, таа се движи од 209ft (0,52e) до 2 299ft (5,82e), а зависи и од видот на месото и количината.