Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски ги отфрла обвинувањата на јавноста за покачувањето на цената на струјата за 7,4 отсто и тврди дека РКЕ ги заштитила граѓаните од зголемување на цената за 25 отсто.

Бислимовски за ТВ Канал 5 вели дека РКЕ со последната одлука за поскапување на струјата за 7,4 проценти не им обезбедила екстра профит на електро-енергетските компании, напротив, ги заштитила граѓаните од повисоки сметки.

– Доколку се прифатеа нивните барања цената на електричната енергија требаше да порасне за 25 проценти, изјавил Бислимовски за ТВ Канал 5.