Цената на струјата нема да се менува до Нова година, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, во синоќешното гостување во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат.
Но, тој додаде дека за да остане сегашната цена, треба да немаме потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.
– Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ, туку ЕСМ сами, со одлука на Влада утврдуваат цена со којашто се јавува на тендерот на ЕВН Хоум, така што, мислам дека сега е премногу рано да зборуваме за какви било промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да се исполни условот, да нема зголемување на електричната енергија е да немаме потреба од увоз на струја. Сега засега, до 31 декември, нема да има промена на цената за регулираниот пазар, рече Бислимоски.