Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска како одговор на новинарско прашање рече дека прифатливи се сугеститите на Меѓународниот монетарен фонд за намалување на субвенциите од страна на државата за плаќањето на електричната енергија од страна на државата.

Според Битиќи, тоа ќе значи дека зголемувањето на цената ќе падне на товар на поголемите корисници – односно на оние кои активно користат електрична енергија од третиот и четвртиот блок.

– Ние имавме година во која субвенционирањето на домаќинствата и малите потрошувачи која достигнуваше 80 отсто и тоа е неиздржливо за една мала земја како нашата. Годинава тоа субвенционирање е намалено за некаде 60 отсто и тоа е трендот по кој треба да се движиме.

Секако ние на препораката на ММФ за проширување на тарифните блокови ќе одговориме со проширување на третиот и најверојатно на тарифниот блок четири, со тоа што опфатот да биде поголем за тие што трошат повеќе, а за најранливите и оние кои штедат вистински да се задржо истата цена на електрична енергија, рече вицепремиерот.

Тарифни блокови (за инсертирање)

I ТАРИФЕН БЛОК ОД 1 ДО 210 Kwh

II ТАРИФЕН БЛОК ОД 210 ДО 630 Kwh

III ТАРИФЕН БЛОК ОД 631 ДО 1050 KWh

IV ТАРИФЕН БЛОК ПОВЕЌЕ ОД 1050 KWh