Вредноста на биткоинот паднала во петокот на 5,800 долари, што е најниска вредност од лани во ноември.

Како најсилна и најпопуларна криптовалута, биткоинот лани рипна за 1.300 проценти и достигна до 13.863 долари, но сега неговата вредност е само 5.790 долари.

Највисоката вредност биткоинот ја имал лани во декември кога достигна до 19.892 долари, но од тогаш криптовалутата постојано паѓа и веќе загуби 71 процент од тогашната вредност, а 58 проценти од почетокот на годинава.

И покрај грижите за тргување со криптовалутата, сепак за неа се решиле мали и средни комппании кои трагаат по профит на кратки патеки. Од Вол стрит објаснуваат дека метеорскиот скок на биткоинот наликува на холандската треска со лалињата од 17.век.

Од Голдман Сакс банката наведуваат дека на долг рок не веруваат дека криптовалутата може да ја задржи сегашната вредност.