Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека САД ќе застанат крај Израел против какви било закани од Иран и неговите подржувачи и повтори дека Вашингтон ја поддржува безбедноста на Израел, соопшти Стејт департментот.
Во соопштението се наведува дека Блинкен и Галант разговарале и за тековните напори да се обезбеди ослободување на сите заложници кои ги држел Хамас според вонредниот договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Блинкен ги поздрави неодамнешните најави на Израел за итни чекори за олеснување на влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа, повторувајќи дека инциденти како што е нападот на хуманитарните работници на Светската централна кујна (WCK) никогаш повеќе не смеат да се повторат.
Блинкен истакна дека САД очекуваат Израел брзо да ги спроведе своите обврски за хуманитарна помош, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
фото:МО на Израел