САД соопштија дека имале тешки и директни дискусии со Кина во првите разговори на администрацијата на Џо Бајден, но додаваат дека интересите на двете земји се пресекуваат околу Иран, Северна Кореја, Авганистан и климата.

„Очекувавме тешки и директни разговори за широк спектар на прашања и токму тоа се случи“, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, откако тој и државниот секретар Ентони Блинкен завршија дводневни разговори со кинески колеги на Алјаска.

– Бевме во можност да имаме прилично искрен разговор во сите овие часови на обемната агенда, изјави Блинкен.

Од своја страна, врвниот кинески дипломат Јанг Џијејчи изјави дека разговорите биле искрени, конструктивни и плодни. Сепак, тој додаде дека се уште има „одрењдени разлики“, објави кинеската телевизија Си-Џи-ти-Ен.

Јанг додаде дека „двете страни мораат да водат политика „без конфликти“ за да ги водат во здрав и стабилен правец на патот што води напред.