Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан побарал Турција повеќе да се ангажира во конфликтот со Хамас и посочил дека фокусот на САД е да се запрат нападите на Хамас и да се ослободат сите заложници, пренесуваат британските медиуми.

Во саботата, откако Хамас започна напади врз Израел, Фидан разговарал со колеги од Катар, Саудиска Арабија, Египет, Палестина и Иран, според неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.

Претходно турското МНР соопшти дека Анкара е во близок контакт со сите страни и е подготвена да помогне во деескалација на ситуацијата.