Израелската армија соопшти дека рано утринава нападнала цели во јужен Либан, како одмазда откако Хезболах лансирал два дрона кон израелски војници распоредени во дел од регионот што Израел го прогласи за безбедносна зона.

Израелската армија претходно издаде предупредување за евакуација на подрачје во близина на градот Араб Салим во јужен Либан, наведувајќи дека ќе нападне објект за кој тврди дека на Хезболах.

„Се наоѓате во близина на објект што му припаѓа на терористичката организација Хезболах, против кој израелската армија ќе спроведува операции“, се наведува во објавата на армијата на арапски јазик на „Телеграм“, проследена со соодветна карта на зоната за евакуација.

Од Хезболах, група поддржана од Иран, засега нема коментар.

Израелската армија во петокот соопшти дека погодила складишта со оружје во јужен Либан, за кои тврди дека биле наменети за Хезболах.

Судирите во Либан се намалија од јуни, по рамковниот договор меѓу САД и Иран.

Сепак, Израел продолжува со повремени воени операции во јужниот делна Либан, каде се уште држи под своја контрола околу десет километри широк појас долж границата.

Хезболах го вовлече Либан во регионалната војна со напади врз Израел во знак на поддршка на Техеран од почетокот на март, што предизвика израелски одмазднички напади во кои, според либанските власти, загинале повеќе од 4.300 луѓе.

фото: архива