Американскиот милијардер Мајк Блумберг денеска се повлече од трката за номинација за претседателски кандидат од редовите на Демократската партија и поддршката ја даде на поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Блумберг, кој вложи над  500 милиони долари од своето богатство во кампањата, се повлече од трката по разочарувачката завршница на „Супер вторникот“, кога победи само на територијата на Американска Самоа. На вчерашните избори Блумберг освои само 27 делегати, додека Џо Бајден доби најмалку 337 делегати.

Берни Сандерс пак, победи во таканаречените „бојни полиња“, државите Калифорнија и Тексас што даваат над 640 делегати вкупно (Калифорниjа како најнаселена дава 415 делегати). Со овој успех, сенаторорт од Вермонт може да освои најмалку една третина од вкупно потребниот број на делегати (1.991) и со тоа да биде поблиску до номинацијата.