Германија се соочува со ризик од насилен конфликт со Русија бидејќи Москва ја интензивира својата хибридна војна против европските демократии – предупреди денеска директорот на Германската служба за надворешно разузнавање (БНД), Мартин Јегер.

На годишното сослушување на директорите на разузнавачките агенции пред парламентот, тој истакна дека конфликтот со Русија, кој ѝ се заканува на Германија, има нова, поопасна димензија.

– Германија е во опасност да биде вовлечена во насилен конфликт со Русија, обидот за напад во Лајпциг е само еден пример – посочи Јегер.

Германските власти постојано предупредуваат дека Русија води хибридна кампања на кибернапади и напади со беспилотни летала и ја обвинија Москва за обид за напад со беспилотни летала врз аеродромот во Лајпциг во август.

Русија негира каква било намера за напад врз земјите членки на НАТО.

Ние никому не му се закануваме. Немаме намера да нападнеме никого, било да е тоа во 2029, 2030 или 2050 година, но ако се соочиме со агресија, нема да имаме друг избор, освен да одговориме, изјави минатата недела рускиот претседател Владимир Путин.

фото: архива