Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва во дебатниот магазин Клик на ТВ21 истакна дека во 2022 година имаат поголеми капитални инвестиции отколку во 2014, 2015 и 2016 година.
Тоа не се забележувало, според него, оти тие не оделе на терен со камери, како што тоа го правеле други влади во минатото.
– Ние во 2022 година, а не е завршена годината имаме уште месец и пол, два за да реализираме капитални инвестиции, имаме поголеми капитални инвестиции од 2014, 2015, 2016 година и не одиме со камери, рече Бочварски.
Граѓаните најдобро ги гледаат и чувствуваат благодетите од капиталните инвестиции за кои говори министерот Бочварски.
А за волја на вистината, и Бочварски и неговите колеги, како и премиерот Димитар Ковачевски, сакаат да излезат пред камери, го прават тоа, а граѓаните се сведоци на чести, како што ги нарекуваат, увиди на проекти.
Но, досега актуелната власт нема ниту еден чочек за готов автопат, пруга или други капитални проекти за кои говори Бочварски. Освен оној голем за пуштањето на автопатот што е граден во годините за кои говори Бочварски. И тоа токму од „тие што оделе со камери“.
(Д. Г.)