Новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, на денешниот настан на граничниот премин Ќафасан беше запрашан дали ќе се откаже од зголемената функционерска плата по судски пат за 78 отсто, на што тој одговори дека уште не знае колку изнесува неговиот месечен доход.

– Плата не сум примил и две недели сум само директор, ниту сум прашал колкава ми е платата. Фокусиран сум на реорганизација, ефикасност на средствата, а кога сме кај плати, пред се, сум фокусиран на зголемување на плати на колегите. Ако се откажам, ќе ве известам. Не знам ни која е платата. Треба да ја видам и да ви кажам, искоментира Богоев.