Православниот празник Богојавлние-Водици беше прославен насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, информира весникот „Илинден“.
Македонците традиционално во село Пасинки, областа Голо Брдо, според обичаите, со крст украсен со босилок. Меѓу Македонците во Албанија обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетуваат домаќинствата во населеното место, каде се даруваат со пари.
Откако ќе ги обиколи сите куќи во секое македонско село се враќа во селската црквата, каде што останува до следната година.
Извор: Илинден од Албанија