Една недела откако доби прекин на затворската казна, Бојан Јовановски познат како Боки 13 ја објави првата фотографија на социјалните мрежи.
Боки 13 се фотографираше пред Соборниот храм во Скопје.
-Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ на помош, прво и најважно здравје, па потоа се ќе си дојде на свое место. Благодарам на сите добронамерни луѓе за поддршката и убавите зборови за целиот изминат пеколен период, објави Јовановски на својот Фејсбук профил.