Видео на кое се гледа претседателот Стево Пендаровски кој, заедно со публиката, пее „кој душман ќе влезе, жив нема да излезе Македонијо…“ е објавено на социјалните мрежи.
Снимката денеска е реемитувана на Македонската телевизија, а концертот се одржа неодамна во чест на 100-годишнината од раѓањето на македонската пејачка легенда, Васка Илиева.
На видеото се гледа претседателот Пендаровски кој, заедно со публиката го пее овој рефрен од познатата патриотска песна „Земјо македонска“, која на подиумот ја изведува пејачката Сузана Спасовска. Во публиката е и сопругата на Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска која исто така напева и аплаудира.
Инаку во своите настапи Пендаровски никогаш не вели Македонија туку секогаш државата, на чие чело е пет години, ја именува Северна Македонија.
Видеото може да го отворите ТУКА.