Актерот Хју Грант (63) неодамна се појави во јавноста на светската премиера на детскиот мјузикл „Вонка“ во Лондон. Актерот искрено рече дека снимањето било „апсолутно ужасно искуство“ за него.

„Не можев повеќе да ја мразам целата работа. Камерата на главата беше како круна од трње, многу непријатна. Направив голема врева околу тоа. Навистина го мразев тоа снимање. И искрено, се што правев со моето тело беше страшно и сето тоа беше заменето со анимација“, објасни актерот. Покрај тоа, тој рече дека нема ништо против Вонка и режисерот Кинг, па откри кој е вистинскиот проблем:

– Веќе некако мразам да снимам филмови, но бидејќи имам многу деца, ми требаат пари и морам да работам – изјавил актерот кој своето прво дете го доби на 50 години, а во следните осум години доби вкупно пет деца со две сопруги.

Хју ја освои ТВ продуцентката Ана Елизабет Еберштајн во 2012 година, а тие го кажаа судбоносното „да“ во 2018. Имаат три деца, а актерот има син и ќерка со Тинглан Хонг. Интересно е што само три месеци откако доби дете со Ана, тој доби дете и со Тинглан. Тоа значи дека Тинглан и Ана биле бремени во исто време, со разлика од само неколку месеци