БОКИ 13: Кривични пријави за Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ

/ 09.07.2020

Со порака дека единствен начин да го спречат е да го убијат, Боки 13 од Шутка потврди дека кривичните пријави ги поднесува против политичари од власта.

Во писмо до јавноста кое што го прочита неговиот адвокат Сашко Дуковски, Јовановски вели пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, кои се дел од актуелната власт, луѓе од нивните семејства и блиски до нив, како и бизнисмени.

Се пожали и дека тој и неговото семејство цело време добиваат уцени и закани, од оние кои според неговите зборови знаеле дека ќе заработат кривични пријави.

-Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и на закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот. Но, повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска обврска и должност, ниту пак ќе ме спречат, ниту пак ќе ме спречат во мојата намера во борбата со вистинските криминалци и сторители на кривични дела, изјави Дукоски.

На социјалните мрежи се објавуваат документи на кои се напишани имињата на лицата за кои се тврди дека Боки 13 поднел кривични пријави. Исто така е наведено кои лица треба да бидат повикани на сослушување:


Од истата категорија