Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема намера да прими вакцина против коронавирус.

Во синоќешната видео-порака на социјалните мрежи тој кажа дека бразилскиот Конгрес нема да донесе уредба за воведување на задолжителна вакцинација и дека од граѓаните нема да се бара да се вакцинираат.

-Јас отворено ви кажувам, нема да ја примам. Тоа е мое право, рече Болсонаро, пренесен од британските медиуми.

Болсонаро во видео-пораката, исто така, уште еднаш изрази сомнеж во ефикасноста на носењето маска и посочи дека засега има премалку докази за ефикасноста на маската во спречување на ширењето на вирусот.