Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, денеска изјави дека екплозијата на ракета со нуклеарен погон во Северодвинск открила дека Русите се обидувале да разработат украдена американска суперсонична технологија.

-Инцидентот покажува дека на тестирањето нешто тргнало наопаку. Но тоа покажува и дека иако економијата на Русија е со големина на Холандија, Москва продолжува да троши значителни ресурси за модернизација на својот атомски потенцијал, вклучувајќи и создавање на нови носечки системи – суперсонични едренички проектили, кои се главно украдена американска технологија, изјави Болтон во интервју за Гласот на Америка.

Според него, еден од поголемите светски предизвици за САД е да се спречи и да се справи со последиците од тоа оваа технологија, покрај Русија која се обидува, да можат да ја развијат и други земји.