Во потестникот што советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон го носел на вчерашната прес-конференција посветена на случувањата во Венецуела, стоела и реченицата „5.000 војници во Колумбија“, но тој не ја изговори.

Како што наведуваат американските медиуми, додека Болтон го најавуваше воведувањето санкции кон венецуелската државна нафтена компанија, од начинот на кој го држел потсетникот можела да се види посочената реченица, што било и фотиграфирано од дел од фоторепортерите.

Но, на прес-конференцијата, одржана во Белата куќа, Болтн воопшто не спомена никакви планови за испраќање или ангажирање војници во Колумбија, која граничи со Венецуела.

Најава за планови за испраќање сили на САД во Колумбија нема ниту од Пентагон.