Борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари се првите македонски спортисти кои обезбедија медал на Медитеранските игри Таранто 2026

Тие се изборија за пласман во финалните борби во своите категории, со што најмалку обезбедија сребрен медал, но че атакуваат на златото.

Двајцата македонски борачи во последните секунди од четвртфиналните борби успеаја да стигнат до поени вреди финале.

Вејсели беше подобар од Јасин Јесил од Турција со 5-3 на поени во категоријата до 74 килограми. Тој за противникот утре во финалето (18.,40 часот) ќе го има албанскиот натурализиран репрезентативец, Ислам Дудаев.

Хајдари пак кој настапува во категоријата до 97 килограми, го совлада францускиот претставник Адлан Висханов со 3-2. Во финалето (утре, 19,20 часот) Хајдари за златото ќе се бори со Даурен Куруглиев кој настапува под грчко знаме.

Водно и Ахмад Магомедов ќе се бори за бронза во категоријата до 86 килограми. Тој за противник ќе го има Италијанецот, Габриеле Николини, во борбата закажана за утре од 18:50 часот.