Војната на Русија против Украина претставува егзистенцијална закана за целата Европска унија и ја принуди Унијата да ја стави одбраната во центарот на сопствената безбедносна политика, нагласи високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.
– Во време кога американското учество во Европа станува се помалку сигурно, таа војна претставува егзистенцијална закана за ЕУ, наведе Борел во блогот на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи, по повод објавувањето на неговата книга „Европа меѓу две војни“.
Тој оцени дека е потребна промена на парадигмата во европската одбрана, истакнувајќи дека Европа предолго ја делегираше својата безбедност на САД и дозволи „тивко разоружување“ во последните 30 години, по падот на Берлинскиот ѕид.