Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел го поздрави резултатот од синоќешното гласање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за предлог-законот за помош на Украина, Израел и индо-пацифичкиот регион.
„Го поздравувам резултатот од денешното гласање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Украина ќе ја има трансатлантската поддршка што и е потребна за да се спротивстави на руската агресија“, објави Борел на платформата Икс.
Двопартиското мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои предлог-закон со кој на Украина, Израел и сојузниците на САД во Индо-пацифичкиот регион им обезбедуваат дополнителни средства во износ од вкупно 95 милијарди долари.
Фото: ЕПА