Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.

Во своето обраќање во Институтот Хувер на американскиот универзитет Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се започне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.

„Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото“, рече Борел, пренесе Анадолија.