„Правда, не амнестија“, е кусиот коментар на Борис Дамовски, еден од обвинетите за настаните од 27 април, по изјавата на Зоран Заев со која понуди амнестија за случувањата во замена за гласање на пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

По месеци и месеци лажење на македонската јавност од страна на сите челници на СДСМ, и од нивните новинарски потрчковци, по месеци и месеци исполнети со соопштенија од централата дека ВМРО-ДПМНЕ не го интересира ништо друго освен амнестија за „криминалите и насилствата“ и по стотици јавни изјави од СДСМ дека такво нешто нема да се случи зашто тие биле за правна држава, ете сега, нивнот лидер моли таа да биде прифатена.