„Денес се случи тоа за што зборувавме пред неколку дена. Прашањето е што ќе се случи понатаму. Дали со овој избор што го направија 125 пратеници, тие избраа да ја испратат Бугарија напред во иднината или избраа да ја вратат во минатото“, изјави за БТВ шефицата на кабинетот на премиерот Лена Бориславова која стана широко познато откако до медиумите беа лиферувани податоци дека е во врска со премиерот Кирил Петков. Според неа, пратениците со својот избор да го сменат претседателот на Собранието Никола Минчев, го лишиле од иднина бугарскиот народ.

„Мал дел од бугарскиот народ и бизнис ќе бидат многу задоволни од тоа што се случи. Лукоил може повторно да престане да плаќа даноци, граничните контроли ќе исчезнат“, додаде Бориславова.

Коалицијата имаше тешки моменти, призна таа. Првично тоа го препишувавме на тешкиот карактер на г-дин Трифонов и неговото друштво, но потоа овој модел откри дека има своја цел во зделките поради кои с евлегува во оваа коалиција.

-Се случчи преврат. Би прашала дали гласачите на ДПС се задоволно што гласаа „Преродба“ и обратно, коментира Бориславова.