Горди сме што Бугарија ги спаси бугарските Евреи, Бог да ги прости 11.343 Евреи од Грција и од Македонија кои беа однесени во логорот на смртта, објави денеска поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.
– Денес, кога повеќе од кога било имаме потреба од лекција по родољубие, се сеќаваме на подвигот на Бугарската православна црква, на политичарите, јавните личности, интелектуалците и обичните граѓани, кои не дозволија да бидат испратени во смрт нивните сонародници Евреи.
Настаните од март 1943 година одекнуваат до денес во светската меморија, потсетувајќи дерка има надеж дури и во најцрниот мрак, сè додека обединувањето се бара и се наоѓа во името на една повисока кауза, објави Борисов на својот профил на Фејсбук.
Горди сме, додава Борисов во објавата, и благодарни за подвигот на нашите предци што доведе до спасувањето на речиси 50.000 бугарски Евреи.
– Бог да ги прости невините жртви на холокаустот, меѓу кои и 11.343 Евреи од териториите на денешните Грција и РС Македонија, чиишто животи ние Бугарите не можевме да ги спасиме, напиша Борисов на Фејсбук.
Од Македонија бугарската фашистичка власт во логорот Треблинка испрати 7.144 Евреи од Македонија.