Ковачевски да разбере, штитењето на државните интереси, враќањето на државата кај народот не е откажување од иднината, туку создавање на реална и остварлива иднина, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вечерашниот говор на Ковачевски во струмица дека на овие избори се избира меѓу изолација и Европа.

„Европската иднина на Ковачевски се сведе на редици за пасоши, уцени од Бугарија и огромни криминали.

Што од ова е Европа и што од ова е иднина.

Изборите се одлука за Македонија на Ковачевски, и Македонија на народот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.