Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини. Ќе предложам 5.000 вакцини да испратиме за РС Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов изјави дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето.

Борисов, кој ја даде изјавата за време на увидот на градежните работи на модернизацијата на компресорска станица „Лозенец“, изрази и уверување дека Бугарија во април ќе добие над милион вакцини.