Српски медиуми објавуваат фотографии од белградскиот саем каде викендов се спроведува масовна вакцинација на граѓаните од сите краишта на екс-Југославија против Ковид-19.

Од фотографиите кои ги објавија агенцијата Танјуг и весникот Блиц се гледаат колони од луѓе кои трпеливо чекаат да им дојде редот за примање на вакцина.

Утринава цели колони возила чекаа за влез во Србија на граничниот премин Табановце. Слична ќе биде сликата и утре, бидејќи огромен број граѓани решија да се вакцинираат, нагласувајќи дека ова е шанса особено поради фактот што кај нас се уште не е започната имунизација.

Освен од Македонија, викендов Србија им посакува добредојде и на граѓаните од Босна И херцеговина, Црна Гора, од Хрватска, од каде се пријавиле дури 8.000 за вакцинација, но има и странци од Холандија, Словачка, па и од Германија.