Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски, по поразот од Австрија рече дека за поразот не биле пресудни ниту квалитетот, ниту техниката, туку пред се стравот. Тој рече дека на социјалните мрежи со текстовите го одвлекувал притисокот од младите, со оглед на тоа што самиот бил навикнат на притисоци и критики кои всушност даваат енергија. Но, и покрај се Ристовски не се откажува од местото во репрезентацијата се додека го повикуваат.

„Што се однесува до моето место во репрезентацијата, се додека ме вика селекторот и се додека имам сила ќе бранам, секогаш сум тука за Македонија“, вели голманот на Македонија.