Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти својот тим доколку во Дортмунд стигне понуда од 115 милиони фунти, тврди „Телеграф“.

Главниот кандидат за 20-годишниот Санчо е Манчестер јунајтед. Сепак, англичаните се плашат во моментов да платат толку голема сума во сегашната ситуација. Манчестер ќе ги одреди целите за трансфери по продолжувањето на сезоната во Премиер лигата.

Претходно во медиумите имаше информации дека Санчо е вклучен во сферата на интересите на Реал Мадрид.

Во сезоната 2019/20, Санчо настапи на 40 натпревари за Борусија, постигна 20 голови и направи 18 асистенции.