Германскиот фудбалски гигант Борусија Дортмунд синоќа загуби од Тотенхем со 3:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

За Борусија ова е трет натпревар по ред на кој прима по три гола. Пред тоа, Дортмунд одигра 3:3 со Хофенхајм во 21.коло од Бундеслигата, а со истиот резултат ја заврши средбата со Вердер Бремен од осминафиналето на националниот куп.

Последен пат кога Борусија Дортмунд примила три гола на три средби во низа беше во јануари-февруари 2010 година под раководство на Јирген Клоп.