Најтиражниот весник во БиХ, „Дневни аваз“ пишува за рекорден раст на цените во земјата.

Весникот објавува податоци на Агенцијата за статистика според кои во БиХ инфлацијата во март достигнала 10,2 отсто. Споредбено се посочува дека инфлацијата во Хрватска изнесувала 9,4, а во Србија 9,6 отсто.

Најголем пораст од 14,8 отсто е забележан кај цените на прехранбените производи и кај безалкохолните пијалоци.

Споредбено со лани, во март оваа година цените на станарината и на режиските трошоци се зголемени за 8,3 насто, додека транспортните трошоци се поскапени за 24,5 проценти.

Истовремено „Дневни аваз“ пишува и за драстично зголемување на цената на земјоделските производи, притоа посочувајќи дека се повеќе од граѓаните во земјата купуваат овошје и зеленчук на парче наместо во килограми.