„Ние, браќата Климе и Јован Лотески од Охрид, се восхитуваме на херојскиот подвиг на херојот Марко Пејчиноски, чудо од дете.”

“Јас Климент Лотески и мојот брат Јован Лотески уште утре спремни сме да ја платиме казната кои ја изрекле господата од Капетанија и Езерска Полиција од Охрид и ќе ја платиме. Воедно нашата фирма „Лоте Компани“ на младиот Херој Марко ќе му врачиме една мала скромна награда во висина од 500 евра годишна стипендија, но спремни сме во секој поглед и понатаму да ги поддржиме и спонзорираме сите пливачки натпревари на овој најголем човек на македонското пливање во историјата.

И јас и брат ми од кога знаеме за себе сме во езерските води, но ваков херој како Марко се раѓа еднаш на 100 години. Згрозени сме од срамниот чин на Капетанијата, но уште сме погорди што во последните години се роди дете, кое и покрај сите свои здравствени проблеми, успеа да го преплива Охридското Езеро, во временски услови во кои и најголемите маратонски имина се откажувале. Марко, ние брајката Климе и Јован Лотески, горди сме на тебе иако лично не те познаваме, но тебе и на твоето семејство, секогаш ќе Ви бидеме верни пријатели и секогаш од срце ќе помагаме за сите идни ваши потреби“, ќе истакне Климе Лотески сопственик на градежната компанија „Лоте“.