Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани речиси 20.000 нови случаи на зараза со коронавирус, што е рекорден број заболени лица за едно деноноќие во таа земја.
Потврдени се и 888 нови смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Досега во Бразил вкупно заразени со Ковид-19 се 291.579 луѓе, а починати речиси 19.000 лица.
Администрацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро одобри вчера употреба на хлорокин, лек против маларија, кој неговиот американски колега Доналд Трамп го промовираше како терапија за новиот коронавирус.