Бразилскиот ветеран Жулио Баптиста реши да се збогува со фудбалот, после 20 години професионална кариера.
„По повеќе од 20 години во елитниот фудбал, дојде време за заминување. Објавувам дека ја завршив мојата фудбалска кариера“, напиша Бразилецот на социјалната мрежа „Твитер“.
Баптиста неговата богата кариера ја започнл во Сао Паоло, а потоа играл за многу познати клубови како Севилја, Реал Мадрид, Арсенал, Рома, Малага, Крузеиро и Орландо Сити.
За бразилската репрезентација настапи 48 пати, постигна пет голови, а освои две „Копа Америка“ и два Купа на конфедерацијата.