Петнаесет бразилски деца вчера ја примија вакцината против Ковид-19, неколку недели откако државниот здравствен регулатор издаде одобрение за вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години.
На 16 декември, државниот здравствен регулатор издаде одобрение за употреба на вакцина за деца на возраст од пет до 11 години, развиени од Фајзер.
Одлуката го налути бразилскиот претседател Жаир Болсонара, кој се противи на вакцинацијата на децата, велејќи дека нема да дозволи неговата 11-годишна ќерка да ја прими вакцината и предупреди на можни несакани ефекти.
Наместо да ги следи упатствата на регулаторот, Министерството за здравство на Болсонаро постави онлајн анкета со прашањето дали лекарите треба да препишуваат вакцинација на децата. Некои од поддржувачите на Болсонаро водеа кампања на социјалните мрежи, повикувајќи ги луѓето да гласаат против.
И покрај тоа, мнозинството од речиси 100.000 учесници во анкетата одговориле дека поддржуваат доброволна вакцинација и давање приоритет на децата со здравствени проблеми, но се спротивставуваат на барањето лекарски рецепт за примање на вакцината.
Министерството за здравство минатата недела соопшти дека ќе дозволи вакцинација на деца.
Масовната вакцинација на децата ќе почне в понеделник.