Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Аденор Леонардо Тите (60) најави дека ќе се повлече од должноста по завршувањето на Светското првенство, чиј домаќин кон крајот на оваа година ќе биде Катар.

Тите седна на клупата на Бразил во јуни 2016 година и на Мундијалот 2020 во Русија ја однесе репрезентацијата до четвртфиналето, а во 2019 година ја освои титулата првак на Јужна Америка.

Под негово водство Бразил без проблеми обезбеди пласман на Мундијалот во Катар со ефект од 12 победи и три нерешени натпревари.