Не така одамна на сите камбани се зборуваше за незаконско трошење пари во јавни кампањи од страна на владата на Никола Груевски. За некои, можеби, реакциите беа и оправдани, иако секаде во светот се водат владини кампањи кои се од јавен интерес.
Но, проблемот беше што опозиционерите и „шарените“ носеа само наочари за омраза, па не може да видат што е просо, а што пченица.Не пример никогаш не се побунија за доларите од Соросовата фондација, или од УСАИД.
Како е сега по прашањњето на референдумот? Како се рекламира Владата? Од каде пари за промоција на референдумот тој да успее?
Владата официјално вели дека ќе се трошат пари од буџетски резерви (каде ли се најдоа резерви?!), без да се знае точно кои се тоа резерви и кои се сумите.
Колку Република Македонија ќе ја чини референдумот? Тоа не може да се одреди во некои апсолутни цифри, затоа што промената на името на државата, калемењето нов идентитет во иднина може да значи милијарди евра или долари загуби, затоа што сме на пат инситуцуионлано и на државно ниво да се откажеме од големото културно наследство. Замислете што ќе се случи ако го откопаме гробот на Александар Македонски? Никој жив не знае што точно ќе се открие во саркофагот каде е положен македонскиот крал, какво богаство се крие, и какви тајни.
Но, официјално референдумот за „Северна Македонија“ ќе чини 3,5 милиони евра, без притоа да се знае колку ќе чини кампањата.
Потоа, зошто нема издвоено пари за контракампања, за аргуменитарње на политичкиот камп, или граѓанскиот кои се против тој референдум? Ако е демократија треба да има про и контра, но нема. Но, бидејќи се разгорува битката за рефрендумот, сосема легитимно би било да се одредат и лимитите за финансирањето на кампањите, а тоа не се прави. Зошто?
Веќе уште сега е јасно дека нема услови за фер, правична и демократска атмосфера за референдумот, но „меџународната“ за ова молчи, а од петни жили запнува референдумот да успее. Тие веќе зазедоа страна. Единствената разлика од референдумот за територијалната поделба од 2004 година беше што тогаш запнуваа референдумот да не успее.
Но, кога се во прашање референдумите, само еден пример со Обединетото Кралство и референдумот за Брегзитот.
Групата која водеше капања „За напуштање“ беше казнета со 61.999 фунти затоа што го прекршила Изборниот законик. Покрај тоа во кампањата тие користеле лажни податоци и информации. Кај нас и самото референдумско прашање е дезинформација.
Кампањата за напуштање на ЕУ беше главно финансирана од пет богаташи, на чело со Арон Бенкс, а богаташите застанаа и од другата страна на референдумот (против напуштање). Бенкс за кампањата дал 6,1 милион фунти од вкупно собрани 24,1 милииони. Ривалската група собрала 15,6 милиони.
И покрај ваквата транспарентност, Изборната комисија соопшти дека има многу дупки во законот.
Чекаме ДИК да ги изнесе македонските законски и референдумски дупки, ама тешко им оди.