Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон денеска на состанокот на министрите за одбрана изјави дека производството на муниција во ЕУ скокнало за 30 отсто во 2023 година.
– Од февруари 2023 година, производството на муниција е значително зголемено, така што ја постигнавме целта да произведуваме еден милион гранати годишно, рече Драјтон, додавајќи дека економскиот блок се приближува до таа бројка.
Без разлика, тој додаде дека тоа автоматски не значи дека ќе се реализираат сите ветени испораки во Украина.
– Сега кога воено производствените капацитети се зголемени, останува на поединечните земји-членки да ги „исполнат нарачките“ и да му го дадат на официјален Киев ветеното, објасни Бретон, објави Teletrader.