Повеќе од 17,6 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцина против Ковид-19 во Велика Британија, додека истовремено Русија започна да ги вакцинира бездомниците, пренесуваат агенциите.

Четириесет бездомници се вакцинирани во неделата против ковида-19 во Санкт Петербург, според локалната невладина организација што ја покрена иницијативата.

„Имаме многу луѓе кои се во ризични групи, важно е да се вакцинираат“, рече Таисија Суварова, официјален претставник на невладината организација Ножлејка, која им помага на бездомниците во Санкт Петербург.

Според официјалните податоци, Санкт Петербург, поранешна царска престолнина со околу пет милиони жители, има близу 15.000 бездомници. Во Русија до денес официјално има повеќе од 4,16 милиони случаи на коронавирус, од кои 83.293 починале.