Сајмнон Стивенс шеф на британската Национална здравствена служба, побара да се воведе посебна такса за ментално здравје што ќе ја плаќаат социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм.

Прекумерното користење социјални мрежи во Велика Британија се поврзува се повеќе со влошено ментално здравје на младите луѓе и тој данок би помогнал да се „сузбие плимата на ментално болести“.

Се повеќе докази укажуваат дека прекумерното користење социјални мрежи може да има штетни последици за менталното здравје, вели Стивенс. Тој додава дека парите од тој данок може да се употребат за прошируавње на услугите во области за лекување ментално здравје.