Британската агенција за медиуми Офком денеска соопшти дека ја повлекла лиценцата за емитување на кинеската глобална телевизиска мрежа (ЦГТН) откако истрагата заклучи дека лиценцата всушност ја има Стар Чајна Медиа Лимитед, што е спротивно на прописите.

Офком наведува дека Стар Чајна Медиа Лимитед немала уредничка одговорност за „излегување“ на каналот и затоа не го исполнува законскиот услов да има контрола над лиценцираната услуга, објави Си-Ен-Ен.

Стар дејствуваше како дистрибутер, а не како провајдер на вести, се додава во соопштението.

Агенцијата го отфрли и предлогот на ЦГТН за пренесување на лиценцата на новиот субјект откако утврди дека на крајот ќе биде контролирана од Кинеската комунистичка партија и затоа ќе биде дисквалификувана согласно британскиот закон.

Каналот ќе биде отстранет во Британија веднаш.